Живееме во општество во кое генерално трошењето пари се асоцира со зрелост и независност. Без разлика дали тој склоп на размислување е неодамна оформен, или е наследен од претходни генерации, во одредени околности влијае на сите нас. Секое возрасно лице има стекнато одреден број на навики кои му го прават паричникот „потенок.” Првиот чекор кон елиминирање на овие навики е развивање на свесност околу самите навики. Свесност дека доколку ги идентификуваме и елиминираме, практично со тој процес можеме да „заработиме” пари.
- Често нарачување на алкохол во кафулиња. Просечната цена на алкохолни пијалоци во супермаркетите, на долг рок се намалува. Додека истата просечна цена во кафулињата, како и во баровите и дискотеките се зголемува. Начинот на кој општеството гледа на конзумирање алкохол во социјални средини, влијаел за оформување на потребата истиот да биде редовно конзумиран, без разлика на постепено растечките цени од местото каде што се нарачува. Во суштина, сите треба да се освестиме дека зрелоста и независноста немаат никаква реална корелација со алкохолот.
- Прекумерно трошење за време на викендот. Истражувања во сите држави, укажуваат на фактот дека луѓето имаат тенденции да трошат многу повеќе за време на викенд, споредебено со работен ден. Дури и во неразвиените земји, луѓето сметаат дека не се социјализираат доволно за време на работни денови, и влегуваат во друг склоп на размилување во текот на викендот.
- Носење целосно различни облеки за било какви прилики. Маркетинг агенциите агресивно се фокусираат на женската популација, убедувајки дека не смеат да бидат здодевни со носење на иста облека два пати. Списанијата ги мотивираат жените да имаат посебен изгледа преку ден, и посебен изглед навечер.
- Прекумерно трошење за време на одмор. Со развојот на технологијата, релаксирачките денови поминати во друга држава се често прикажани на социјалните медиуми. Луѓето осеќаат притисок и како резултат на тоа, имаат тенденции да плаќаат за луксузни услуги кои не им се вистински потребни. Производите во аеродромите продаваат секојдневни производи кои можат да бидат до 3 пати поскапи доколку истите се купени во супермаркет.