ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Финансиска помош од Комерцијална банка за организација на Светското првенство во шах за слепи во Охрид

      Време зa читање: < 1 минутa

      Во својата долгорочна мисија секогаш да им помогне и да излезе во пресрет на потребите на лицата со хендикеп, Комерцијална банка на свое големо задоволство финансиски ќе го помогне одржувањето на Светското првенство во шах за слепи и визуелно хендикепирани лица во Охрид.

      Организатор на првенството е Националната спортска федерација на слепите на Северна Македонија, која доби поддршка од Комерцијална банка во остварувањето на својата хумана цел за инклузивност и активен живот на лицата со визуелен хендикеп

      Комерцијална банка во континуитет придонесува за подобрување на квалитетот и олеснување на животот на слепите лица. Уште поголема придобивка за оваа категорија граѓани е што Банката прва во земјава прилагоди свои производи и услуги со цел да им бидат достапни и корисни.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично