Како општествено одговорна компанија Реплек денес го даде својот придонес донирајки 50 килограми пластични капачиња кои беа собрани од страна на вработените и со тоа ја поздрави и се приклучи на иницијативата – „Секое капаче е вредно“.
Со ова хумано дело Реплек направи чекор и покажа како една компанија ги негува вистинските врдности. Со ова дело тие даваат пример за општествено одговорно однесување на една компанија, а нивната заложба е само пример како останатите компании треба да се однесуваат и постапуваат.
Капачињата се собирани во последнава година, на иницијатива на нашите вработени во ИТ. Од таму започна целата приказна. Се приклучивме сите, а колку сериозно си ја сфативме задачата, говори и податокот што дел од капачињата се носени од одмори на колегите. Подолг период баравме соодветна намена и среќни сме што можеме да бидеме дел од приказната на Активирај се навреме. Веруваме дека сите можеме да креираме и да допринесеме за добросостојба на сите нас, секаде каде што е потребно. Продолжуваме со собирање и со поголеми предизвици! Изјавија од Реплек.
Оваа иницијатива е исклучително значајна, бидејќи крајната цел е помош за најмалите. Навистина ни е многу драго што Реплек ја препознаа добрата идеја и одлучија да се приклучат и да дадат свој придонес во овој проект. Тие го направија првиот чекор како компанија, се надеваме дека ова нивно хумано дело ќе ги мотивира и останатите компании да се активираат веднаш и заднички да собереме што поголем број на пластични капачиња. Бидејќи колку повеќе капачиња собираме, толку повеќе детски насмевки ќе имаме. – изјавија од Активирај се навреме.
За потсетување, националниот хуманитарно-еколошки проект „Секое капаче е вредно“ има за цел да се активираат што поголем број на компании и граѓани со цел да се соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку логистичкиот парнер на кампања “Пакомак“ а собраните средства кои ќе се обезбедат од откупот на капачиња заедно со финасиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реконструкција на детските одделенија во целата држава.