ПОВЕЌЕ

    УЈП: За поддршка на бизнисите исплатени 135 мил.евра, од нив фирмите треба да вратат 19,5 мил.евра

    Време зa читање: 2 минути

    Вкупно 19.598.878 евра ќе треба да вратат фирмите и физичките лица кои вршат самостојна дејност за примената поддршка за плати и придонеси добиени лани во април мај и јуни и октомври ноември и декмеври, соопшти денеска  на прес конференција директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    Лани преку мерките на владата кои се реализираа преку Управата за јавни приходи се исплатени вкупно  135.344.818 евра, а фирмите и самостојните вршители на дејност ќе треба да вратат само 14, 7 отсто од овој износ.– рече Лукаревска.

    Таа соопшти дека враќањето на парите ќе се врши согласно пресметките кои ќе ги направи Управата за јавни приходи и на три рати без камата.Ќе се  реализира два пати во годинава во месеците кога е земена и помошта односно април, мај и јуни и октомври ноември и декември.

    За враќање на парите добиени како субвенција за социјални придонеси придонеси се 2.077 барања од фирми и 358 барања од самостојни вршители на дејност.

    Лукаревска рече дека службите во УЈП ќе ги почнат пресметкита за комплетираните барања и според законските критериуми за распределба на поддршката.

    -Враќањето на парите ќе се пресметува според остварените резултати на фирмите и тоа во највисок износ до 50% од остварениот финансиски резултат пред оданочување на 2020. За обврзниците на годишниот данок на вкупен приход, највисок износ на враќање е до износот од 50% од финансиски резултат пред оданочување искажан во Билансот на успех за 2020. Самовработените лица враќањето е најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат – рече Лукаревска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично