Здружението на оштетени штедачи “Правда за штедачи” во пресрет на денешната седница на Уставниот Суд ги охрабрува уставните судии да одлучуваат само врз основа на устав и закон.
-Не се определувајте за лоби групите кои ви наметнаа некаков “судир на интереси”, затоа што Вашите и нашите вредности се совпаѓаат, ние го бараме тоа што Вие го штитите-уставноста и законитоста. Не бараме ништо друго, ниту сугерираме како да одлучите, затоа што тоа е дел од Вашата работа, но воедно, одлуката не е само Ваша професионална обврска, туку таа е дел од Вашиот морален кодекс и личен дигнитет. Нашата верба е само дека правдата е на наша страна, иако знаеме дека постои моќно банкарско лоби на кое до уставноста и законитоста му е колку до ланскиот снег. Затоа велиме, ние сакаме да ја добиеме битката затоа што сме во право и правдата е на наша страна, но немојте да не предизвикувате со работи за кои не веруваме дека преку нив и на таков начин функционира системот кај нас. Еднаш рековме, и повторуваме, не сме наивни, имаме и дрги адути, но сепак веруваме дека правдата-уставот и законите, се средства за реализација на нашите правата.Банките нека бидат спокојни, банкарскиот систем како јавен интерес, може само и единствено да биде стабилен доколку се заштитува со владеење на правото, велат оштетените штедачи.