ПОВЕЌЕ

    УНИБанка ќе спроведе етапна исплата на августовските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Со цел да излезат во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, Ве известуваме дека УНИБанка АД Скопје овозможи исплатата на пензијата за месец Август на трансакциска сметка да биде на 30-ти Август (вторник) 2022 година.

    Во услови на засилени мерки за заштита на здравјето, пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 30-ти Август (вторник), додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 30-ти Август (вторник) секој работен ден во експозитурите на Банката.

    Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:

    • Во вторник, на 30.08.2022 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;

    • Во среда, на 31.08.2022 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;

    • Во четврток на 01.09.2022 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;

    • Во петок, на 02.09.2022 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.

    Во случај на неопходна посета на експозитура Ве молиме да ги почитувате правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен и дозволен за број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата, применувајќи го истовремено правилото за меѓусебно растојание од најмалку 2 метри во експозитурата, како и пред влезот, апелираат од банката.

    За да се избегнат блиски контакти, ги повикуваме пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите, посочуваат од банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично