ПОВЕЌЕ

    УНИБАНКА ОСТВАРИ ПОЗИТИВНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ ВО ИЗНОС ОД 104,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ: Какви се очекувањата на менаџментот за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    УНИБанка заклучно со првото полугодие од 2022 година оствари позитивни финансиски резултати во износ од 104,8 милиони денари

    Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период

    Во првите шест месеци од 2022 година, податоците за остварување на билансните цели на банката се реален одраз на последиците од енергетската криза и ескалацијата на руско-украинскиот конфликт кој предизвика силен раст и голема променливост на цените на примарните енергенси, што предизвика раст на цените на сите останати производи и услуги. Истите не беа земени во предвид во моментот на изготвувањето на бизнис планот на Банката за 2022 година, велат од

    И покрај тоа во првото полугодие од 2022 година, нето кредитното портфолио на Банката бележи раст од 4,5%, додека депозитното портфолио на правни лица раст од 3,4% во однос на Декември 2021 година.Воедно, и прибраните средства од финансискиот сектор бележат значително зголемување од 80.6% во однос на 31.12.2021 година што е согласно планираната стратегија на Банката за одржување на прифатливо ниво на ликвидност.

    Во претстојниот период банката очекува да продолжи тенденцијата на зголемување на  активата, континуиран раст и задржување на квалитетот на кредитното портфолио на банката, кој би бил подржан со зголемен раст на депозитната база преку имплементација на нови депозитни продукти, во насока на зголемување на учеството на нефинансиските извори на финансирање, со посебен акцент на зголемување на учеството на трансакциските сметки,  оптимизирање на административните трошоци, зголемување на пазарното учество по различни сегменти во банкарскиот сектор во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста, подобрување на квалитетот на услугите, усовршување на дигиталните сервиси и канали за плаќање, развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење и исполнување на зацртаните цели во Бизнис планот на Банката за 2022 година, а се со цел да излеземе во пресрет на различните потреби и интереси на клиентите, велат од менаџментот на Банката.

    Исто така, планираме и нова емисија на перпетуална обврзница слична на продуктот што го издадовме во 2019 година, велат од Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично