Со цел да излеземе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, Ве известуваме дека УНИБанка овозможи исплатата на пензијата за месец април на трансакциска сметка да биде на 25-ти април (вторник) 2023 година, стои во известувањето од банката.
Пензионерите својата пензија ќе може да ја подигнат од банкомат започнувајќи од 25-ти април (вторник) 2023 година, додека подигнувањето на пензијата преку шалтер ќе може да се реализира започнувајќи од 25-ти април (вторник) 2023 година секој работен ден во експозитурите на Банката.
Исплатите преку шалтер ќе се вршат по следните критериуми:
- Во вторник, на 25.04.2023 година исплата на пензии со висина до 11.000 денари;
- Во среда, на 26.04.2023 година исплата на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари;
- Во четврток, на 27.04.2023 година исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари;
- Во петок, на 28.04.2023 година исплата на пензии во висина над 18.001 денари.
Пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат електронско/мобилно банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и електронските канали на УНИБанка, посочуваат од банката.