ТТК Банка АД Скопје објави Покана за запишување и уплата на долгорочни должнички хартии од вредност – корпоративна обврзница по пат на јавна понуда (втора емисија) , во весникот “Вечер” од 09.01.2020 година.
Поканата заедно со Проспектот за издавање на долгорочни должнички хартии од вредност по пат на јавна понуда (корпоративната обврзница-втора емисија), се објавени на интернет страната на Банката www.ttk.com.mk, како и на интернет страната на Македонската берза www.mse.mk.
Јавната понуда на долгорочни должнички хартии од вредност – втора емисија на корпоративни обврзници е одобрена со Решение на Комисијата за хартии од вредност на РСМ под број УП1 број 10-91 од 27.12.2019 година.