ПОВЕЌЕ

    ТТК Банка ги известува акционерите дека седницата на Собранието на акционери ќе се одржи на 8.4.2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Врз основа на Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 87 од 2.4.2020 година, се определува нов датум за одржување на седницата на Собранието на акционери на ТТК Банка АД Скопје за ден 8.4.2020 година со почеток во 9 часот.

    „Се повикуваат сите останати акционери кои не успеаја да го дадат својот глас до 26.3.2020 година, кога беше одложена постапката за одржување на седницата на Собрание на акционери во согласност со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 79 од 26.3.2020 година, и кои не се изјасниле по предлог – одлуките од дневниот ред на седницата на Собранието на акционери на Банката, да го сторат тоа по пат на кореспонденција, со испраќање пополнет образец што мора да биде примен во Банката во оригинал најдоцна до 7.4.2020 година до 15:00 часот. Заедно со образецот за гласање акционерот е должен да достави и документација за утврдување на идентитетот на акционерот.” – се вели соопштението на ТТК Банка АД Скопје.

    Подетални информации за ваквиот начин на гласање на Собранието на акционери се достапни на веб-страницата на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично