Премиерот на Канада вели дека неговата влада нема да дозволи Канаѓаните да претрпат големи финансиски загуби заради сегашната пандемија на COVID-19 вирусот и Отава ќе воведе мерки за стимулирање на фискалниот капацитет во наредните денови.
„Никој не треба да се грижи за плаќање кирија, купување намирници или дополнителна грижа за децата заради COVID-19.
Ќе им помогнеме финансиски на Канаѓаните порача премиерот Џастин Трудо од скалите на неговиот дом во Отава.
Загрижени сте за вашето здравје, за здравјето на вашето семејство, за вашата работа, заштедите, плаќање кирија, за децата што не се на училиште. Знам дека сте загрижени за неизвесноста во глобалната економија. Чекорите кои ги превзедовме за да ве заштитиме имаат влијание врз економијата, но исто така сме во завидна позиција бидејќи имаме значителна финансиска моќ на располагање за да ги надминеме последиците.