ПОВЕЌЕ

    Трка за најпосакуваните плажи во соседството. И Македонците по 14 мај ќе се сончаат на море во Грција?!

    Време зa читање: 2 минути

    Откако победносно пред неколку дена Србија потврди дека Грција дозволила влез за нејзините граѓани од 14 мај со вакцинален пасош или негативен ПЦР тест и нашиот министер за здравство Венко Филипче денеска со надежни најави. Министерот посочи дека оваа година македонските граѓани најверојатно по 14 мај ќе може да влезат во Грција. За влез ќе им биде потребен сертификат за вакцина или негативен ПЦР-тест.

    Според најавите што ги дале грчките власти до министерот за здравство Венко Филипче, плановите се Грција да ја крене рампата за наши државјани од 14 мај.

    „Имаме честа комуникација со грчкиот министер за здравство, а утрово и со министерот за туризам, Теохарис. Во рамките на тие консултации во врска со епидемиолошката слика и со мерките во двете земји, министерот Теохарис ме извести дека планираат да ја отворат границата на 14 мај за македонските граѓани. Но, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест. Тоа што јас зедов обврска е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со потребните кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што може да издаваат ПЦР-тестови. Се надевам дека нема нешто драстично да се случи што ќе ја влоши епидемиолошката ситуација во двете земји, меѓутоа, како што сега стојат работите, според најавите од министерот Теохарис, на 14 мај ќе се отворат границите“, вели Филипче.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично