Три нови признанија за НЛБ Банка од VISA

Време зa читање: < 1 минутa

Наградите и признанијата се вредноста која останува и сведочи за успешните проекти и соработки низ годините.

Во НЛБ Банка сите награди и признанија имаат свое посебно место. Таков беше случајот и со новите три признанија кои НЛБ Банка неодамна ги доби од својот партнер VISA, една од најголемите платежни мрежи во светот и глобален бренд во дигиталните плаќања.

НЛБ Банка со огромно задоволство информира дека за минатата 2021 година, VISA им додели признанија за:

  • Исклучителни VISA безготовински перформанси во Југоисточна Европа
  • Најдобри во класата, VISA Активација на спонзорство за Олимписки игри и
  • Крос-маркет VISA партнерство за проектот „Рамка за помош“, поддршка на малите бизниси

Овие признанија се потврда за големината на партнерствата кои НЛБ Банка ги гради, посветеноста на бизнисот и клиентите и поддршката која ја дава на заедницата во која делува.

НЛБ Банка упатува огромна благодарност до VISA и посебна благодарност до клиентите, со кои секоја награда има поинаква смисла и повисока вредност.

14,794Следи нè на facebookЛајк

слично