Денеска кога работниците се соочени со неизвесност за нивните работни места и исплата на нивните плати, кога не се почитуваат колективните договори за растот на платите, кога минималната плата (396 евра) е најниска во регионот, кога сите се против работниците ( вклучително и некои синдикати), денеска е време кога треба да се менува традицијата.
Денеска е време кога треба да покажеме дека сите заедно ќе се бориме за 500 евра минимална плата (за со 2 минимални плати да се покрие вредноста на Синдикалната минимална кошница), да се зголемат и останатите плати за најмалку 6.000 денари ( колку што за 1 година е зголемена вредноста на Синдикалната минимална кошница), вработените во јавниот сектор да добијат 12,6% раст на нивните плати согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор ( просечна плата по коефициент за сложеност, како за функционерите, така за работниците), да се врати правото на трошоци за храна и превоз за работниците ( затоа што 8.240 денари или 20% од просечната плата изнесува делот за храна на работа, а 5.000 денари за превоз доколку само од Куманово патувате на работа во Скопје и назад) !
Никој друг нема да се бори, доколку не се бориме заедно !
Време е да не зборуваме, туку да делуваме, време е да кажеме дека и во Македонија работникот се буди !
Борбата за плата и работнички права е чиста работничка борба и никој не треба да чека покана, секој треба сам да се покани и да дојде на 1 Мај, Работнички дом, Скопје, 11:00