ПОВЕЌЕ

    Тргување со акции без провизија преку ТТК Банка АД Скопје на „Инвеститорскиот ден“ на 13-ти септември

    Време зa читање: 2 минути

    TTK Банка АД Скопје и оваа година се приклучи кон одржувањето на „Инвеститорскиoт ден“ на 13-ти септември 2021 година и на нејзините клиенти – индивидуални инвеститори ќе им овозможи да тргуваат со акции на Македонската берза без трансакциски трошоци.

    На „Инвеститорскиот ден“ сите домашни физички лица ќе може да купат или да продадат акции на сите пазарни сегменти без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива при што треба да ги исполнат следните услови:

    • Инвеститорите треба да склучат нормални трансакции со акции преку системот БЕСТ, со посредство на некоја од членките на Берзата;
    • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор не треба да изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои ќе биде остварен;
    • Трансакциите треба да бидат склучени преку клиентска, односно преку сопственичка сметка.

    Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување од страна на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

    Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, од 2003 година ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал. Тргувањето се извршува во регистрираните простории на Одделот за работа со хартии од вредност на Банката во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката ширум Републиката.

    За повеќе информации заинтересираните инвеститори може да се обратат во експозитурите и филијалите на Банката, или пак во Одделот за работа со хартии од вредност на Банката, на телефонскиот број 02/ 3 247 000 локал 495, 496 и 497.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично