ПОВЕЌЕ

    Трамп е подготвен да помогне во руско-саудиската нафтена војна

    Време зa читање: 2 минути

    Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е подготвен да помогне во решавање на војната за цената на нафтата што ескалира меѓу Русија и Саудиска Арабија, објавија француските медиуми.

    Заканата од глобална рецесија предизвикана од пандемијата на коронавирус веќе ги „закова” цените на нафтата кога Ријад минатиот месец се заложи да го зголеми извозот, по договорот за намалување на производството меѓу најголемите производители, што беше прекинат на почетокот на март.

    Саудиска Арабија вчера соопшти дека од мај ќе го зголеми извозот до рекордни 10,6 милиони барели, зголемувајќи го глобалното снабдување, бидејќи суровата нафта ги забележа своите најниски месечни и квартални влезни цени во историјата.

    Француските медиуми наведуваат дека Трамп за темата веќе телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин и саудискиот принц Мохамед Бин Салман, со намера да го запре падот на цената на нафтата.

    Двете земји разговараат за тоа. И јас им се придружувам во соодветно време, доколку има потреба, рече Трамп.

    Саудиска Арабија извезуваше околу седум милиони барели нафта дневно во рамките на договорот за намалување на производството меѓу сојузот од 24 земји производители, познат како  ОПЕК +, во кој е вклучена и Русија.

    ОПЕК + не успеа да постигне договор за натамошно намалување на производството за да го спречи намалувањето на цените, додека коронавирусот ја нападна глобалната економија минатиот месец.

    Војна со цените, исто така, ги погоди производителите на нафта од шкрилци во САД, при што Трамп изјави дека спорот им се заканува на „илјадници и илјадници” работни места.

    Група американски сенатори во писмо што минатата недела му го упатија на американскиот државен секретар Мајк Помпео ги обвинија Саудиска Арабија и Русија дека водат „економска борба против САД”, наведуваат француските медиуми.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично