ПОВЕЌЕ

    Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонска берза во декември

    Време зa читање: < 1 минутa

    Две банки се најдоа на листата Топ 5 компании со најголем раст на акцијата.

    Оваа листа ја предводат Хотели Метропол Охрид со пораст од 28,33%, веднаш до нив се РЖ Техничка Контрола Скопје со пораст на акцијата за 18,48% како и Македонија осигурување Скопје – Виена Иншуренс Груп со пораст од 13.10%. Акцијата на Комерцијална банка Скопје забележа пораст од 10,06% а на петото место се најде акцијата на Стопанска банка Скопје со пораст од 5,78%.

    Витаминка Прилеп ја предводи листата на акции со најголем пад, каде во месец декември забележа пад од 10,01%.  Либерти Скопје забележа пад од 9,09%, додека акцијата на Стопанска банка Битола забележа пад од 8,69%. Акцијата на Пекабеско Скопје забележа пад од 6,21% а РЖ Услуги Скопје пад од 3,85%.

    Прочитај и: Kои три акции свртеа над 4,3 милиони евра на Македонска берза?

    Месечниот статистички билтен за декември 2021 година е достапен тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично