ПОВЕЌЕ

    Топ 3 акциите за месец март – колкав промет свртеа?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за февруари 2021 година.

    Од истиот може да забележиме дека акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец март 2021 година, со промет од 130.208.02 денари или 2.110.554 евра.

    Количински се истргуваа 16.580 акции, по просечна цена од 7.882,49 денар.

    На второ место се акциите на Алкалоид Скопје со промет од 55.024.476 денари или 891.903 евра. Во 236 трансакции, истргувани се вкупно 3.890 акции на Алкалоид Скопје, по просечна цена од 14.148,44 денари по акција.

    Во топ три, на трето место со промет од 53.269.632 денари или 863.482 евра се акциите на Макпетрол Скопје, каде во месец март количински се истргувани 739 акции, по просечна цена од 72.056,30 денари по акција.

    На овие три акции во месец март се сврте промет од  3.865.935 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично