За последиците кои ги предизвикува корона кризата е многу пишувано и направени се голем број на анализи, меѓутоа за правилно да ги дознаеме сите детали потребно е длабинско скенирање на одреден репрезентативен примерок. За таа цел во соработка со податоците од платформата за бонитетни податоци на БизнисМрежа.мк, денешната анализа ја посветуваме на хотелската индустрија.
Откажани резервации, разни протоколи за обезбедување нормални услови за туризам, карантини и неможност за нормално функционирање. Ова се само дел од причините зошто хотелиерите се загрижени за нивниот опстанок. Податоците од БизнисМрежа.мк за 2019 и 2020 година делумно ги детектираат актуелните предизвици во бизнисот.
Назив | Приходи 2020 | Приходи 2019 | Раст % |
---|---|---|---|
СТОНЕБРИДГЕ - ХОТЕЛ | 3,588,091 | 5,047,965 | -28.92% |
ХОТЕЛ ГРАНД М | 2,313,305 | 7,477,017 | -69.06% |
МАКЕДОНИЈАТУРИСТ | 2,106,615 | 5,978,929 | -64.77% |
ЕЛЕМ ТУРС | 2,081,299 | 2,486,621 | -16.30% |
ПАРКЛЕНД ГРОУП | 1,602,895 | 3,553,521 | -54.89% |
РЕСОРТ МАВРОВО | 1,470,332 | 718,357 | 104.68% |
ХОТЕЛИ-МЕТРОПОЛ | 1,306,761 | 3,492,512 | -62.58% |
МАРГОТРИ ГРУП | 1,237,787 | 1,283,843 | -3.59% |
ПРИНЦЕСС ГРОУП | 1,186,232 | 2,746,665 | -56.81% |
БУШИ ФАШИОН | 1,181,117 | 1,788,502 | -33.96% |
Износите се изразени во евра / Извор на податоци: БизнисМрежа.мк
- Најголем пад на приходите за 2020 година забележан е кај најголемите компании во оваа индустрија. Лидер во ова неславно друштво е Хотел Гранд М кој евидентирал 69% помали приходи, но исто така има најголем апсолутен пад на приходи. Имено, во 2020 година приходите на Хотел Гранд М се помали за нешто од над 5 милиони ЕУР.
- Во топ 10 од оваа категорија 1/2 оствариле пад на приходи поголем од 50%. Дополнителнно, ваквиот тренд довел до тоа вкупните приходи на топ 10 да се скоро преполовени. Доколку во 2019 овие 10 компании изгенерирале 34.5 милиони ЕУР, во 2020 година таквиот резултат е само скромни 18 милиони ЕУР. 5 милиони ЕУР се изгубени пред се како последица на Ковид-19.
- Разликата помеѓу првиот и последниот на оваа листа е значително помала во 2020 година. Ако во 2019 таа разлика изнесуваше 6.7 милиони ЕУР, сега таквиот спред е 2.4 милиони ЕУР. Иако беше најавувано дека поголемите компании полесно ќе ја пребродат кризата користејќи економија од обем, сепак оваа индустрија докажува дека помалите полесно може да се прилагодат на новите промени и кризата можеби ќе биде шанса за нив да превземат дел од пазарот, а исто така се отвара можност за влез на нови инвестиции.
- Единствената светла точка во оваа група е Ресорт Маврово, кој ги дуплираше своите приходи во 2020 година, пробивајќи се во првите 6 позиции. Ваквите промени доведоа до тоа голема концентрација на компании, 60% од топ 10, со приходи во износ од 1-2 милиони ЕУР.
- Од аспект на човечкиот капитал кој бил ангажиран минатата година може да се изведат следните заклучоци:
- Само 2 хотели го зголемиле бројот на вработени. Буши Фашион со раст од 13 вработени и Ресорт Маврово со неверојатни 360% пораст на персонал или 54 вработени на платен список повеќе од салдото на крај на 2019 година.
- Најголем пад на персонал забележан е кај Марготрип Гроуп. Оваа компанија во 2020 година има за 39% помал број на расположлив кадар. Од друга страна, апсолутните бројки покажуваат дека најголемо кратење на платни списоци имало кај Македонија Турист каде има 46 помалку вработени. Сепак, оваа компанија останува најголем работодавач бидејќи во неа својата егзистенција ја пронаоѓаат 189 луѓе.
На ниво на топ 10 индустрија, евидентиран е пад на бројот на вработени за 73-ца.
Назив | Вработени 2020 | Вработени 2019 | Раст % |
---|---|---|---|
НИКОБ ДОО Скопје | 1988 | 1839 | 8.10% |
ПЕРПЕТУУМОБИЛЕ СЕКЈУРИТИ ДООЕЛ Скопје | 606 | 608 | -0.33% |
ОСА Бранко ДООЕЛ Скопје | 455 | 421 | 8.08% |
СЕКЈУРИТИ ГРУП СЕРВИСИС ДООЕЛ Скопје | 515 | 601 | -14.31% |
ПИТОН Охрид ДОО | 180 | 141 | 27.66% |
МДН ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ДООЕЛ Скопје | 222 | 222 | 0.00% |
2 СС ДООЕЛ Кичево | 101 | 76 | 32.89% |
СЕКЈУРИТИ-М.К.-АГЕНСИ ДОО Прилеп | 95 | 98 | -3.06% |
АРМОР СЕКЈУРИТИ ДОО Гевгелија | 65 | 63 | 3.17% |
ПАТРОЛ-ЛТД ДООЕЛ Скопје | 80 | 80 | 0.00% |
Извор на податоци: БизнисМрежа.мк
Искуствата од развиените земји се дека е неопходна поголема директна државна помош кон овој сегмент доколку сакаме да опстанат носителите на туризмот. Директните субвенции во странство се одвиваа во неколку правци. Првично, државите исплаќаа минимални плати на сите вработени кои беа вработени во хотели и ресторани,а кои не работеа за време на карантините. Дополнително, се субвенционираа и трошоците за закуп на деловен простор, а на тој начин индиректно се помагаше и кон оние кои издаваат. Дали и колку беа надоместени овие компании во Македонија ќе покажат финансиските резултати за годинава.
Редакција Пари