ПОВЕЌЕ

    ТОП 10 ИЗВРШИТЕЛИ: Лидерот на листата Кокина своевремено била најмлад извршител

    Време зa читање: 2 минути

    Порталот Пари, ексклузивно дојде до листата на ТОП 10 најуспешни извршители во Македонија за 2021 година. Жените извршителки и мажите извршители подеднакво застапени на листата ТОП 10, која ја предводи извршителката Катерина Кокина од Скопје, а завршува со Славица Ацовска, извршителка од Тетово. Кокина успеала за една година, односно во текот на 2021 година, да направи одлична добивка од речиси 130.000 евра.

    Која е Катерина Кокина?

    Лидерот на листата, Кокина, своевремено била најмлад извршител, именувана на 29 години, и како извршител работи 11 години. Иако е една од помладите извршители, таа успеала во 2021 да сработи најдобри резултати.

    Регион: Од каде делуваат ТОП 10 извршителите?

    Извршител Николина Иванова и Николче Диневски се со канцеларии во Битола, Извршителот Премтим Ќерими е со канцеларија во Куманово, додека Весна Деловска, Гордан Станковиќ, Зоран Димов и Катерина Кокина се во скопскиот регион. Извршител Дашмир Саити и Славица Ацовска се со канцеларии во Тетово, додека Извршител Гордана Џутеска е во струшко-охридскиот регион.

    Прв дел од анализата за извршители може да ја прочитате на следниов линк: http://pari.com.mk/ekskluzivno-34-milioni-evra-profit-sobrale-lani-izvrshitelite/ 

    Во продолжение за читателите на порталот „Пари“, ќе откриеме: Што велат бројките, има ли извршители на кои не им се исплатила работата?

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично