Компаративна анализа за државната помош заради скапата електрична енергија и гориво во земји од Европската Унија
Австрија
– Енергетски ваучер 150 EUR
– Суспендирање на царината на зелената струја
– Субвенции за енергија (вклучувајќи намалување на даноците и надомест за вработените
– 90% намалување на тарифите за гас и електрична енергија до средината на 2023 година
– зголемување на субвенциите за превоз на вработените
– поддршка на компаниите во случај на доцнење со плаќањето на даноците и другите јавни давачки
– инвестициски субвенции (за намалување на зависноста од руски гас);
Белгија
– Енергетски ваучер 100 EUR
– Фонд за гас и електрична енергија (за домаќинствата)
– Забрана за еднострани промени во енергетските договори
– Намалување на ДДВ од 21% на 6% за електричната енергија
– Намалување на даноците на дизелот и бензинот за 17,5 центи/литар
– Продолжување на животниот век на два нуклеарни реактори за 10 години
Чешка
– Електричната енергија и гасот се ослободени од ДДВ
– Електричната енергија од обновливи извори е ослободена од плаќање такси за енергија
– Акт за помош на домаќинствата и претприемачите – насочена помош (за мали и средни претпријатија на кои трошоците за енергија им се зголемени за повеќе од 100% добиваат државна гаранција со 0% каматна стапка – Гарантна програма што ја спроведува Националната баанка за развој
– Пакет за помош на енергетски интезивните индустрии со кој се компензира поскапувањето со плаќање од купони за емисија или ДДВ
– Премостување заеми од државни финансиски институции или комерцијални заеми од банка со државна гаранција
– Укинување на патните такси за автомобили, автобуси, камиони до 12 тони
Данска
– Топлотен чек од 800 евра за најпогодените домаќинства
– Поддршка за замена на системите за греење со природен гас
Естонија
– Намалени цени за домаќинствата со ниски приходи (ретроактивна примена)
– Преполовени надоместоци за мрежата
Финска
– Постојани насочени мерки фокусирани на транспортот, претприемачи во земјоделството (зголемување на максималната одбивка за патни трошоци од 7.000 евра на 8.400 евра
– Зголемување на километражата
– „Професионален дизел“ (дизел за професионални возачи
-намалена даночна стапка
– Директни субвенции на земјоделскиот сектор
– Трајно ослободување од плаќање на данок на недвижен имот за земјоделски објекти и за логистички сектор
– 7,5% намалување на побарувачката за дистрибуција на биогориво
– Инвестиции во водород и батерии
Франција
– Енергетски ваучер за сите со помалку од 2.000 евра месечна нето плата
– Ограничување на цените на бензинот до крајот на 2022 година
– Намалување на данокот на електричната енергија од 22,5 евра/MWH на 1 евро (за домаќинствата – и 0,50 евра за фирми)
– Возачите со попуст од 15 центи/литар на бензиска пумпа и 35 центи/литар за дизел за броодови и риболовната индустрија
– Мерки за помош на компаниите кои трошат најмногу електрична енергија и гас. Шемата е отворена од 4 јули 2022 година наваму.
Германија
– Намалување на ЕЕГ (олеснување на цените на електричната енергија) од 6,5 центи на 3,72 центи
– Насочена мерка за помош на ранливите домаќинства преку целосно покривање на нивните сметки за греење
– Еднократни субвенции за домаќинства со ниски приходи
– Зголемување на патните трошоци за студентите и ранливите категории
– Даночно олеснување за данокот на доход
– Зголемени исплати за деца од семејства со пониски примања за дополнителни 20 евра/месец/дете
– Намалување на цените на горивата за три месеци преку даночни олеснувања
– Програма за субвенционирање за замена на гасни котли со топлински пумпи
Ирска
– Даночни олеснувања за гарантираните трошоци за греење и електрична енергија
– Поволни кредити за реновирање на станови
Италија
– Отстранување на општиот систем на давачки во енергетскиот сектор и намалување на општиот данок на сметки за гас
– Намалување на ДДВ за користење на гас
– За 6 милиони мали компании и 29 милиони жители стапките се 0% во општи рамки
– Укинување на давачките за сметките за гас за сите корисници
– Плаќање на сметки за енергија на повеќе рати
– Поддршка на домаќинствата со ниски приходи
– 20% даночни олеснувања за сите енергетски интензивни компании (30% зголемување на цените споредено со 2019 година)
– Зголемување на социјалните бонуси и намалување на цените на бензините до 25 центи
– Пакет мерки за забрзување на користењето на обновливите извори на енергија и повторно гасификација
– Даночно олеснување за фирмите за набавка на струја за 25%
Холандија
– Намалување на данокот на енергија за домаќинствата и компаниите за 2022 година
– Поддршка на ранливите домаќинства со високи сметки за енергија и/или сиромашни изолирани домови (администрирани од општините)
– Енергетски додаток за лица со примања до 800 евра (социјална помош)
– Намалување на стапката на ДДВ од 21% на 9%
– Намалување на акцизите на дизел и бензини на 21%
Шведска
– Помош за најпогодените домаќинства 195 евра месечно
– Привремено намалување на даноците за дизел и бензин
– Поедноставен систем на патни трошоци
– Замрзнување на обврската за намалување на стакленичките гасови
Фејсбук статус на Павле Гацов даночен експерт.