ПОВЕЌЕ

    Тиго Фајнанс се стекна со Excellent SME Macedonia сертификат за сигурно деловно работење

    Време зa читање: 3 минути

    Финансиското друштво Тиго Фајнанс станува првата Финтек компанија на пазарот на небанкарски финансиски друштва која се стекна со „Excellent SME МАCEDONIA“, електронски сертификат кој ги потврдува успешните бизнис перформанси на малите и средни компании на пазарот.

    Сертификатот го издава Стопанската комора на Северна Македонија, а неговата главна цел е промоција на малите и средни претпријатија во земјата, нивно осигурување и обезбедување како компании кои негуваат добри деловни практики и зголемување на пазарната транспарентност.  Excellent SME печатот кој компаниите го добиваат со стекнување на сертификатот, им дава дополнителна сигурност на клиентите и деловните партнери при склучување договори со одредена компанија, бидејќи го потврдува нејзиниот кредибилитет.

    „Исклучително сме горди што како компанија која ја презеде пионерската улога во зголемување на достапноста на небанкарскиот финансиски сектор за граѓаните и која успешно работи на домашниот пазар повеќе од 3 години, се стекнавме со сертификат кој кореспондира со европските директиви. Тиго Фајнанс е одговорен кредитор, посветен на остварување долгорочни соработки, а Excellent SME МАCEDONIA е дополнителна потврда на овие заложби, кои се основа на нашето работење“, истакна извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски.

     

    Стопанската комора на Северна Македонија овој сертификат го издава во соработка со интернационално реномираната агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска, која им овозможува на локалните и меѓународните бизнис партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, податоците, како и нејзиниот бонитет. Валидноста на сертификатот е со времетраење од една година, а освен во нашата земја, Excellent SME се доделува и во шест други држави, меѓу кои Србија, Црна Гора, Бугарија, Словенија, Унгарија и Романија.

    „Главната цел на сертификатот Excellent SME МАCEDONIA е да ја зајакне довербата на клиентите и партнерите во компаниите, како и да помогне во градењето позитивна репутација на компаниите кои се дел од глобалниот пазар. Основата за сертификација на компаниите со Excellent SME е уреден кредитен извештај и континуиран мониторинг на финансиските податоци. Првичните анализи и постапката за евалуација, направени според методологијата на светската бонитетна куќа COFACE, ја оценија работата на Тиго Фајнанс со натпросечна оценка. Цврсто веруваме дека поддршката која Стопанската комора ја дава на малите и средни претпријатија во земјата е клучна за нивно афирмирање како сигурни компании, со добри деловни практики.“, истакна Валентина Цветковска, самостоен советник од Стопанската комора на Северна Македонија.

    Инаку, сите компании сертифицирани со Excellent SME, добиваат печат за квалитет на својата официјална веб страница, а SafeSigned™ технологијата спречува тој да биде злоупотребен, со што се гарантира автентичноста на сертификатот. Дополнително, оваа технологија која е глобална иновација во областа на безбедниот интернет, овозможува клиентот да биде сигурен во нејзината точност и сигурност, што пак директно влијае на довербата која клиентите и партнерите ја имаат во компанијата.

    Повеќе информации за Excellent SME МАCEDONIA се достапни на следниот линк>>>

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично