ПОВЕЌЕ

    Тиго Фајнанс е „бренд на годината“ според угледниот лондонски магазин Global Banking and Finance Review

    Време зa читање: 3 минути

    Во конкуренција од над 350 финансиски институции ширум светот, Тиго Фајнанс ја освои престижната награда за најдобар бренд во категоријата небанкарски финансиски институции од Република Северна Македонија за 2021 година.

    Влегувајќи во потесниот избор на финансиски институции кои со своето работење постигнале видни перформанси според строго утврдените критериуми на стручното жири, угледниот магазин Global Banking and Finance Review од Лондон го препозна Тиго Фајнанс како најдобар бренд во својата категорија – небанкарски финансиски институции во Република Северна Македонија. (NBFI Brand of the Year Macedonia 2021).

    Со ова признание, Тиго станува единствената компанија во земјата од категоријата на небанкарски финансиски институции добитници на награда, со која се валоризира препознатливоста на брендот и угледот кој компанијата го има како кај своите корисници, така и кај експертската и стручна светска јавност.

    „Ни претставува особено задоволство што нашите континуирани вложувања во градење на идентитет на синоним за поддршка и доверлив партнер за пристап до финансии, претставени во жолто-виолетова комбинација на бои, се препознаени од нашите клиенти и експертската јавност. Веќе четири години постојано вложуваме во нашиот корпоративен имиџ, се надградуваме, ги следиме светските трендови, само и единствено за нашите клиенти и нивните потреби. Всушност, односот кон клиентите и вложувањето во корисничките односи е главниот стожер кој стои зад успешната приказна на Тиго за градење на препознатлив и успешен бренд“, изјави Гордана Јовановска, директорка за маркетинг и односи со јавност на Тиго Фајнанс.

    Инаку, Global Banking and Finance Review е финансиски магазин со седиште во Обединетото Кралство. Списанието се фокусира на глобалните финансиски трендови и случувања. Со текот на годините, Global Banking and Finance Review, прерасна во водечки онлајн и печатен магазин кој еволуираше од растечката потреба да се има поизбалансиран поглед, за информативни и независни вести во рамките на финансиската заедница.

    Повеќе информации за магазинот Global Banking and Finance Review Awards и листата на добитници на наградите се достапни на следниот линк: https://www.globalbankingandfinance.com/global-banking-finance-awards-2021-award-winners/

    За Тиго Фајнанс:

    До услугите на Тиго Фајнанс, клиентите можат едноставно да пристапат онлајн на www.tigo.mk, во некоја од Тиго филијалите ширум земјата или да се информираат со јавување во контакт центарот на 13 700. Аплицирањето за кредит е брзо, лесно и едноставно, односно одговор на апликацијата се добива за само 30 секунди, додека исплатата во кеш се врши за само 10 минути, само со лична карта и без жиранти.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично