ПОВЕЌЕ

    Таблети за најдобрите студенти на Педагошки факултет од СН Финансиско друштво

    Време зa читање: 2 минути

    СН финансиско друштво подари таблети за студенти од Педагошкиот Факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски од Битола, кои немаат можност да ја слушаат наставата електронски за оваа академска година.

    Целта беше да се обезбедат услови за следење на онлајн настава на сите студенти, а таблетите се доделуваат на оние студенти кои имаат ниски примања во семејствата, a покажале добар успех и не се во можност да ја следат наставата електронски.

    На оваа донација ѝ претходеше конкурс распишан од страна на факултетот на кој имаа право да учествуваат сите редовни студенти.

    Го цениме знаењето-вложуваме во образованието. Под ова мото започнуваме активности како општествено одговорна компанија насочени кон унапредување на квалитетот на високото образование, но и социјална инклузија на студенти со одлични резултати, а помали финансиски семејни можности. Ставивме приоритет на вложувањето во образованието за периодот што доаѓа и ова е само вовед во многу следни наши активности” – истакна Никола Јошевски, директор на СН финансиско друштво кој ја предаде донацијата на Педагошкиот факултет на Искра Талевска – Претседател на Факултетското Студентско Собрание на Педагошки Факултет Битола. “Како студенти, во текот на оваа година, се соочивме со многубројни предизвици, од кои еден беше електронското одржување на настава и полагање на испити. Па затоа, им благодариме на SN Финансиско друштво за нивната поддршка со оваа донација, која значително ќе им помогне на студентите кои имаат ваква потреба во текот на нивните студии”-истакна таа. На чинот на предавање присуствуваше и деканот на Педагошкиот факултет проф. д-р Добри Петровски кој изрази благодарност за оваа донација која е редок пример која доаѓа за овој факултет од бизнис секторот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично