ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка објавува оглас за вработување за позицијата Благајник / Советник за продажба за филијалите од Регион Скопје.

    Време зa читање: 3 минути

    Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Северна Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.

    Со цел проширување на својот тим, Стопанска банка АД – Скопје објавува оглас за следната работна позиција:

    Благајник / Советник за продажба Во Регион Скопје

    Благајникот е одговорен за навремено и ефикасно услужување на клиентите на благајна во филијалата, одговорен да обезбеди точно и сигурно реализирање на готовинските и безготовинските трансакции на клиентите, зема учество и придонесува за продажбата и промовирањето на производите на банката, обезбедува висок квалитет на услуги.

    Советникот за продажба е одговорен за ефективна промоција и продажба на производите и услугите на банката, зголемување на базата на клиенти на банката, максимизирање на профитабилноста и зголемување на продажбата на производите и услугите на банката преку вкрстена продажба и реализирање на поставените таргети, обезбедување на високо ниво на задоволство на клиентите.

    Кандидатите треба да ги исполнуваат следните квалификации:

    – ВСП – економски факултет, бизнис администрација, правен факултет или друга сродна област

    – За работното место Советник за продажба, работното искуство од најмалку 1 година во областа на продажба ќе се смета за предност

    – Одлично познавање на англиски јазик

    – Одлично познавање на Microsoft Office

    – Обуки за продажба и грижа за клиенти

    – поседување на соодветен сертификат ќе се смета за предност

    Лични карактеристики на кандидатот:

    – Развиени комуникациски вештини, продажни вештини, моќ на убедување

    – Ориентираност кон клиенти

    – Способност за прилагодување на динамичната работа во филијалите и на потребите на различните клиенти кои ја посетуваат филијалата

    – Подготвеност за извршување повеќе активности истовремено и во кратки временски рокови

    – Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето

    – Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

    За кандидати без претходно работно искуство, без искуство во соодветна или сродна област, без претходно банкарско искуство или искуство во финансиски институции, банката обезбедува почетна плата во месечен нето износ од 21.000,00 МКД

    Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, од понеделник до петок, со можност за работа во сабота, и работа во две смени.

    Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

    Ве молиме да ја пополните апликацијата на интернет страницата на Банката www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/ или вашата кратка биографија на англиски или на македонски јазик доставете ја во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр.7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате, најдоцна до 29.03.2022г.Телефон за контакт 02/3295-277.

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, во согласност со бројот на пријавени кандидати. Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично