Стопанска банка АД – Скопје ги известува своите клиенти пензионери дека пензиите за месец мај од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.
Со пензиите за месец мај, клиентите ќе можат да располагаат од 30.05.2022 (понеделник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.
Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:
- До 11.000 денари на 30.05.2022 (понеделник)
- 11.001-14.000 денари на 31.05.2022 (вторник)
- 14.001-18.000 денари на 01.06.2022 (среда)
- Над 18.001 денари на 02.06.2022 (четврток)
Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. Овие клиенти при посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија, посочуваат од Банката.
Воедно, од Банката апелираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.
За влез во филијалите препорачуваме носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м..