ПОВЕЌЕ

    Стопанска банка АД – Скопје ќе спроведе етапна исплата на августовските пензии

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка АД – Скопје известува дека пензиите за месец август од фондот на ПИОМ ќе бидат предвреме процесирани при што ќе се спроведе готовинска исплата во етапи, со цел да се намали концентрација на пензионери во филијалите и да се овозможи поголема заштита на оваа категорија клиенти.

    Со пензиите за месец август, клиентите ќе можат да располагаат од 30.08.2022 (вторник), САМО преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа.

    Готовинската исплата на пензиите, за клиентите кои не користат картички, ќе се спроведе во 4 групи во сите филијали на Банката, согласно следниот распоред составен според висината на нивната пензија:

    1. До 11.000 денари на 30.08.2022 (вторник)
    2. 11.001-14.000 денари на 31.08.2022 (среда)
    3. 14.001-18.000 денари на 01.09.2022 (четврток)
    4. Над 18.001 денари на 02.09.2022 (петок)

    Потребно е клиентите да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата и намалување на гужвите како и притисокот врз вработените. При посета на филијалата, пред се заради лична заштита, да поднесат и барање за изработка на дебитна картичка со што ќе бидат подготвени за следната пензија, апелираат од Банката.

    Од банката алепираат за разбирање од страна на останатите клиенти во овие неколку денови на процесирање на пензиите за поголема трпеливост и почитување на препораките за лична и колективна заштита.

    За влез во филијалите од банката препорачуваат носење на маска/марама и сл., а клиентите да држат растојание од 2м.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично