Стопанска Банка АД Скопје, членка на НБГ – најголемата финансиска групација во Југоисточна Европа објавува:
О Г Л А С
За прием на работник на работно место
Аналитичар / програмер
во Сектор за информатичка технологија
Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:
– Искуство во развој на веб и десктоп софтверски апликации со Microsoft Visual Studio во VB.NET и C#
– Познавање на работа со бази на податоци во Microsoft SQL Server
– ВСП
– факултет за информатичка технологија или електротехника
– Минимум 2 години работно искуство како .NET програмер
– Одлично познавање на англиски јазик
Лични карактеристики:
– Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи
– Тимски дух, позитивен став и однесување
– Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови
– Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето
– Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.
Ве молиме Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку следниот линк: http://www.stb.com.mk/kariera-vo-sb/, преку email: [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.
Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.
Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.