ПОВЕЌЕ

    Стануваат се помоќни – Каде беа, а каде се сега финансиските друштва за брзи кредити!?

    Време зa читање: 4 минути

    Прва Национална стратегија за финтек-услуги ќе се донесе идната година. Во фокусот ќе биде отстранување на евентуални регулаторни пречки за поттикнување на финансиски иновации, обезбедување соодветна заштита за потрошувачите и разгледување на можноста за обезбедување регулаторен простор за да можат компаниите да ги тестираат новите иновативни решенија за безбедно контролиран простор. Ова во интервјуто што ексклузивно го даде за Pari.com.mk, го обелодени гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска.

    – Оваа регулаторна алатка има значителен потенцијал за поттикнување финансиско вклучување и за испраќање сигнал до учесниците во финтек-индустријата дека регулаторот е отворен за иновации. Сите овие прашања ќе бидат дел од првата Национална стратегија за финтек-услуги, којашто е планирано да се донесе на почетокот на идната година, истакна Ангеловска-Бежоска.

    Во анкетата што Народната банка ја спроведе минатата година на 220 испитаници (банки, компании што нудат финансиски услуги, компании за алтернативно финансирање, инкубатори, акцелератори, регулатори и државните институции), близу 90% сметаат дека финтек-секторот може да донесе бројни придобивки за економијата.

    Бројките покажуваат дека Финтек сектор е во постојан пораст со што се наметна и потребата од подобро регулирање на овој пазар. Главната причина за брзиот пробив на Финтек e и много побрзото финансирање, кај оние кои имаат потреба од овие средства. За разлика од банките овие друштва не се финансираат од депозити, туку од сопствени средства.

    Финансиски друштва кои нудат брзи кредити се дел од Финтек секторот имајќи во предвид дека услугите што ги нудат во голем дел се разбработени со високо технолошка помош. Факт е дека интересот за брзите кредити се повеќе се зголемува, а еве како растеа бројките низ годините кај овие финансиски друштва:

    • Бројот на финансиски друштва гледано историски од 2015 година се зголеми за 3 пати. Oд 10 регистрирани финансиски друштва во 2015 година до 32 финансиски друштва во 2021 година.
    • Растот на бројот на финансиски друштва беше проследен и со раст на вкупните средства на небанкарските финаниски друштва чиишто средства кумулативно се зголемија за 4,7 пати за истиот период.
    • Кредитите одобрени на населението од страна на небанкарските финансиски друштва на крајот на 2020 година изнесуваат околу 3,5 милијарди денари, додека кредитите одобрени на фирмите се околу 980 милиони денари.
    • Бројот на физички лица корисници на кредити од финансиските друштва значајно се зголеми од 14.400 во 2015г. на околу 100.000 лица во 2019г., а бројот на клиенти правни лица се зголеми на 686 во истиот период. Ваквите трендови продолжија и во 2020 година, односно кредитирањето на физичите лица од страна на небанкарските финансиски друштва забележа годишен раст од 24%.

    Според неодамнешната анализа на Pari.com.mk во соработка со БизнисМрежа.мк најуспешните седум финансиски друштва кои нудат брзи кредити преку интернет се Иуте Кредит, Тиго фајнанс, Кредисимо, Диџитал фајнанс, М Кеш Македонија, Кредитен центар БС, СН Финансии.

    Суштината на овие небанкарските финансиски друштва, е да ги пресретне краткорочните финансиски потреби на граѓаните за финансиски услуги на брз, ефикасен и едноставен начин, со примена на напредна и иновативна технологија на сите канали кои потрошувачите ги преферираат, со акцент на дигиталните канали. Финансиските друштва во своите услуги ги користат современите технолошки решенија со кои едноставно, од компјутер или мобилен телефон, можат да се завршат сите процедури за аплицирање, брзо да се изврши проверка на кредитоспособноста на барателот и во куси рокови да се добие одговор и бараните средства на сметка, доколку апликацијата е одобрена. Од горенаведените компании комплетно технолошки во обезбедување брзи кредити преку интернет со автоматизирани процеси и со постојано внесување на иновативни решенија нуди Credissimo, кој всушност има вистински Финтек пристап во работата, бидејќи работи целосно онлајн.

    Краткорочните кредити инаку, најчесто се користат за покривање неочекувани трошоци, здравствени, образовни, за поправки во домот и слично. Иако услугата е лесна и поволна, треба да се користи одговорно и разумно. Пред подигање на краткорочен кредит, треба да се процени вистинската потреба за овие средства и можноста да се исплати на навреме. Истовремено, се препорачува секој кој одлучил да подигне краткорочен кредит, да се осигура дека му одговара поставената камата, дека внимателно ги проучил условите на договорот и дека води сметка за својот буџет за навреме да го исплати кредитот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично