Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација на Светска банка, предводена од Ана Бјерде, потпретседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија.
Соговорниците зборуваа за портфолиото на Светска банка за регионот на Западен Балкан и Македонија, тековните проекти и плановите на среден рок.
На средбата се разговараше за политичките и економските случувања во поширокиот регион и предизвиците од руската инвазија врз Украина и за глобалната економија. Соговорниците разменија мислења за проекциите за раст на земјите од регионот во текот на оваа година, како и проекциите за глобалната економска и финансиска стабилност.
Делегацијата на Светска банка престојува во Македонија по повод учеството на Втората годишна конференција на Министерството за финансии.