ПОВЕЌЕ

    Со акциите на Реплек повторно се тргува, акционерите на нова средба на 22 месецов

    Време зa читање: < 1 минутa

    По објавување на дел од одлуките на акционерите на Реплек усвоени на вчерашното Собрание, тргувањето со акциите на компаниите продолжи на берза.

    Во одлуките Реплек објави дека добивката на компанијата за 2020 година изнесува 1,6 милиони евра, но не се споменува за разрешувањето на членовите на Управниот и Надзорниот одбор.

    Во посебно известување е напишано дека седницата на Собранието која се одржа вчера ќе продолжи на 22 април. На ова продолжение треба да се разгледа Годишниот извештај за работењето на Друштвото за период јануари декември  2020 година и да се усвои извештајот и одобрување на работата на Управниот одбор  и Извештајот  за  работењето на Надзорниот одбор, усвојување на извештајот  и  одобрување на работата на членовите на Надзорниот одбор од дневниот ред за  отповикување и избор на нови членови.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично