Соработка во процесот на верификација на податоците во Регистарот на вистински сопственици, која вклучува и обука за банките, е договорена меѓу Централниот регистар и Комисијата за спречување перење пари и усогласеност со прописи при Македонската банкарска асоцијација. На состанокот одржан во МБА бил презентиран текот на процесот, разменети се искуства, а утврдени се и насоките за натамошна соработката, при што се имала предвид улогата на банките како верификатори на податоците.
Претставниците на Централниот регистар, предводени од директорката Анита Стамнова, и на Комисијата, предводени од Глигор Пандиловски, разговарале за начините за подобрување на проверката на податоците во Регистарот на вистински сопственици. Воедно, било договорено да се организира заедничка работна средба со претставници и од Народната банка, Управата за финансиско разузнавање и од Министерството за финансии, со цел сеопфатно разгледување на проблематиката и постигнување заедничка усогласеност меѓу институциите.
Аналитика








