Во нашата држава, постојат дејности каде просечната плата е за скоро два пати помала отколку државниот просек.
Според податоци на ДЗС, вработените во:
Секторот Заштитни и истражувни дејности се со најниска исплатена нето плата од 16.404 денари,
Производство на кожа и слични производи од кожа имаат просечна плата од 16 442 денари
Производство на облека имаат просечна плата од 17 880 денари
Вработените во секторот Услуги поврзани со одржување на згради и дејности за уредување и одржување на животна средина и природа имаат просечна нето плата од 18.220 денари
Во секторот Дејности на оброци и служење на храна ја заокружуваме топ 5 листата со најниски плати каде изнесува 19 370 денари.
Она што треба да го посочиме е дека, просечна нето-плата исплатена во август годинава изнесувала 28.642 денари, а просечната бруто плата била 42.776 денари според инфорамации од Државниот завод за статистика (ДЗС)