ПОВЕЌЕ

    ,,Снепчет” има со што да се пофали!

    Време зa читање: < 1 минутa

    Со пораст од 23 проценти во однос на истиот период лани, популарната апликација ,,Снепчет” го бележи најголемиот раст во периодот од неколку години. Бројката на дневно активни корисници се зголеми на неверојатни 293 милиони корисници.

    Ова всушност е најголемиот пораст во изминатите неколку години, а исто така подобрен е претходниот најголем пораст од 22 проценти забележан пред 4 години. Со ова Снепчет го надмина Твитер, кој во вториот квартал забележа 206 милиони дневно активни корисници.

    Вкупниот приход е зголемен за фантастични 116 проценти на 982 милиони долари, што досега претставува најдобар резултат. Растот е брз дури и во споредба со Твитер и Фејсбук.

    Сѐ попопуларна е можноста Спотлајт слична на Тик-Ток, која им плаќа на корисниците за нивните видеа. Бројот на дневно активни корисници на Спотлајт порасна за 49 проценти, а просечната количина на дневна содржина е три пати поголема.

    Растот се должи на  принудниот локдаун кој е воведен поради коронавирусот, но и подобрената Андроид апликација.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично