ПОВЕЌЕ

    Слободанка Ѓоргијоска е најдобриот службеник во Стопанска банка Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Највредни се признанијата кои доаѓаат од колегите. Колективот на Стопанска банка а.д Битола ја издвои Слободанка Ѓоргијоска за најдобар банкарски службеник за оваа година. Како стручен соработник за пресметка на даноци, придонеси, плати и евиденција на основни средства и ситен инвентар се потврдила како совесен и умешен работник.

    Ѓоргијоска го доби признанието на традиционалната прослава по повод Денот на штедењето, организирана од Македонската банкарска асоцијација.

    Соработниците укажуваат дека наградата се должи на нејзината севкупна работа, несебичното и целосно залагање во остварување на целите, соработката со колегите и лојалноста кон Банката. Велат, признанието е во прави раце, кај вредната и искусна Слободанка Ѓоргијоска, која е пример за помладите и банкарски службеник во вистинскиот смисол на тој поим.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично