Согласно член 166-б од Законот за хартии од вредност известуваме дека поради комплетирање на составот на Одборот на директори, на ден 26.05.2022 година Собранието на акционери на Берзата донесе Одлука за избор на неизвршен член на Одборот на директори на Берзата. Согласно одлуката за неизвршен член на Одборот е именуван г-дин Славчо Филипчев.