ПОВЕЌЕ

    Славески: Никогаш не сум кажал дека сум против зголемување на платите

    Време зa читање: < 1 минутa

    Трајко Славески, поранешен министер за финансии и актуелен член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, демантира дека претходно бил против зголемувањето на минималната плата.

    -Никогаш не сум кажал дека сум против она што е редовно законско усогласување на платите. Многу јасно кажав дека треба да се промени формулата како што предлагаат една од страните. Друга работа е некој што сака да манипулира и извртува работи, вели Славески во гостувањето на емисијата „Топ тема“.

    Тој уште еднаш повтори дека „никој не е против зголемувње на платите“.

    -Ова зголемување можеше да биде со многу помали тензии и поделби во општеството. Кај нас синдикатите во приватниот сектор не постојат, само 5% од вработените во приватниот сектор членуваат во синдикати. Доколку има некои кои редовно се среќаат со работодавачите, нема да до доаѓаме до ултиматуми и закани, појаснува Славески.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично