ПОВЕЌЕ

    Сингапурски експеримент: Еве како функционира банкарство без контакт

    Време зa читање: 2 минути

    Како што коронавирусот продолжува да се шири, и сингапурскиот DBS зацрта серија дигитални мерки со цел да им овозможи на своите деловни клиенти банкарство без контакт.

    Банката, која претходно овој месец мораше да евакуира 300 вработени, откако еден нејзин вработен беше заразен со вирусот, соопшти дека новите мерки, заедно со опциите за намалување на финансиската ликвидност, ќе им помогнат на компаниите да се справат со ситуацијата.

     

    Дигитализираше 11 вообичаени процеси за финансирање на трговијата поради намалување на својата зависност од физички контакти и на клиентите им нуди 50 бесплатни брзи трансакции месечно за да ја намали потребата за процес на физичко проверување.

    Во меѓувреме, за да им помогне на луѓето како да ги користат дигиталните алатки, банката започнува вебинари и прилагодени семинари, како и дигитализирање на своите курсеви за обука на DBS SME Academy.

    Исто така, клиентите можат да аплицираат преку интернет за краткорочен залог без колатерал до 50.000 американски долари за помош во ликвидноста за време на криза, што влијае на синџирите на снабдување, побарувачката на клиентите и протокот на готовина.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично