Силк Роуд Банка АД Скопје неодамна го лансираше на пазарот единствениот потрошувачки кредит наманет за мајки со деца до 6 годишна возраст – „МАЈКА“.
Аплицирањето за потрошувачкиот кредит „MАЈКА“ е во износи од 30.000,00 денари до 600.000,00 денари и е наменет за сите жени, односно мајки кои што имаат деца до 6 годишна возраст.
Со кредитот добивате загарантирана фиксна каматна стапка за првите 18 месеци од 4.9% и American Express кредитна картичка. Единствен услов е апликантот во моментот на аплицираe да има дете не постаро од 6 години.
Од банката информираат дека со секоја апликација и исплата на кредит во промотивниот период од декември до февруари следната година, апликантот како дополнителна придобивка добива пакет производи за потребите на детето во вредност од 3.000,00 МКД.
За сите детали за овој единствен потрошувачки кредит „Мајка“ може да се информирате на веб страната на следниот линк – ТУКА (https://silkroadbank.com.mk/Loans?Type=1&Cat=ConsumerLoans&SubCat=Mother), во експозитурите на банката или на електронската адреса: [email protected].