ПОВЕЌЕ

    Сеопфатната добивка на „Гранит“ повисока за 292% – Вложувањето во акции го јакне профитот

    Време зa читање: 2 минути

    Градежното друштво „Гранит“ ја заокружи деловната 2024 година со позитивен финансиски резултат од 1,78 милиони евра. Профитот е опаднат за 28,2 отсто. По надолна линија се движеле и вкупните и приходите од продажбата, бидејќи поголемите проекти на кои се работело биле завршени до крајот на 2023 и во текот на минатата година, а новите се во тендерска процедура.

    Но, високо исплатливо е вложувањето во акции, што се покажува кај сеопфатната добивка од 27,8 милиони евра. Споредено со 2023 година и тогашниот износ од 7,1 милион евра, зголемена е за 292 проценти, а причина за тоа се акциите издадени од Комерцијална банка, што се во сопственост на „Гранит“.

    Вкупната сеопфатна добивка изнесува 1.712.849 илјади денари, пред сѐ поради значајното зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во текот на 2024 година (пораст на пазарна цена на акцијата на КБ од 14.200 денари до 28.301 денари во периодот од 01,01,-31,12,2024)“, наведуваат од компанијата.

    Градежните активности на Друштвото му обезбедиле единечни вкупни приходи од 62,5 милиони евра, при што е забележано намалување за 27 проценти. А, кај приливите од продажбата има 30-процентно осипување, а достигнат е износ од 57,26 милиони евра.

    Делотворноста на акционерството се согледува и во сегментот на финансиските приходи, каде што регистрираниот раст е поголем за 75 насто, а износот е 1,84 милиони евра – „пред сѐ како резултат на повисоката добиена дивиденда од акциите во Комерцијална банка“.

    Намалувањето кај расходната страна е за 27 отсто и „е соодветно на намалувањето на приходите од продажбата“. Ланските единечни вкупни трошоци изнесуваат 60,7 милиони евра.

    Во текот на минатата година во опрема и механизација биле инвестирани 3,7 милиони евра.

    За една година активата на компанијата се зголемила за 13 проценти. На последниот ден од 2024 година вредноста е 9.238.377 илјади денари или 150,2 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично