Заводот за статистика ја објави висината на просечната плата во Македонија за март месец.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година, во однос на март 2020 година, изнесува 106.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (17.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (12.3 %) и Информации и комуникации (12.1 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (14.9 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (5.3%) и Градежништво (4.0 %).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2021 година, изнесува 28 217 денари.
На врвот најплатена професија во Македонија според просечната плата остануваат програмерите и консултанти со 70.551 денар. Во март месец просечната плата на вработените со овие професии пораснала за 9,1 процент.