ПОВЕЌЕ

    Сезоната на шопинг започнува со изненадување од Комерцијална банка – Потрошувачки кредит до 30.000 евра со отплата до 120 месеци

    Време зa читање: < 1 минутa

    Уште еднаш примамлива поволност нуди Потрошувачкиот кредит до 30.000 евра на Комерцијална банка. Токму пред почетокот на празничниот шопинг и очекуваните попусти во продавниците, Банката го понуди кредитот на пазарот со можност за негова отплата до 120 месеци. Искористете ја можноста и до 31.12.2021 година аплицирајте за атрактивниот Потрошувачки кредит на Комерцијална банка затоа што ПОЛЕСНО Е ЗАЕДНО да се остварат големи и мали желби.

    Овој ненаменски потрошувачки кредит веќе е добро познат на пазарот по своите најповолни услови и по тоа што е креиран за да ги задоволи потребите на граѓаните како што ним најмногу им одговара. Овозможува помало месечно оптоварување на семејниот буџет бидејќи има каматни стапки од 4,7% годишно, фиксна за првите 3 години, и 5,7% годишно, променлива за остатокот од периодот за отплата на кредитот, и рок на отплата до 10 години.

    Посетете ја веб-страницата на Комерцијална банка за повеќе информации за условите и потребните документи за аплицирање или поднесете ги вашите податоци и за вработените во Банката да ве контактираат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично