ПОВЕЌЕ

    Светска банка ја поддржува НБРМ во одржувањето на финансиската стабилност

    Време зa читање: 2 минути

    Светската банка позитивно ги оценува политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност. А, со тековната техничка помош од Светската банка, преку повеќе проекти дополнително ќе се јакнат капацитетите на земјата и на НБРСМ во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка, јакнење на капацитети за кризно управување, за управување со климатските промени, како и финализирање на законската рамка за решавање на банки. Дополнително во сферата на платниот систем, ќе се поддржат напорите за изработка на студија за дигитален денар. За сево ова се зборувало на средбите што гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и вицегувернерот Фадил Бајрами ги оствариле со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани и извршниот директор на Конституенцата на која припаѓаме, Кун Давидсе.

    Со Законот за финансиска стабилност, донесен минатата година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика во нашата земја и правно се регулираше улогата на Комитетот за финансиска стабилност, во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Народната банка изработи и нацрт стратегија за макропрудентно управување, додека во следниот период фокусот ќе биде зајакнување на рамката за следење на системските ризици и креирање на макропрудентни политики. Во овие активности македонската централна банка ќе добие поддршка од Светската банка.

    Во насока на управување со ризиците кои произлегуваат од климатските промени и животната средина, а поврзано со финансиската стабилност, Народната банка е во финална фаза со подготовката на Зелената финансиска стратегија, исто така со поддршка од Светската банка. Која ќе обезбеди поддршка преку консултација во однос на утврдување на насоките кои Централната банка ќе ги издаде за комерцијалните банки при идентификување, управување, следење и известување за климатските ризици, како и креирање на „зелена контролна табла“ на индикатори со ризици. Светската банка ќе даде и поддршка кон стрес-тестовите на банките од аспект на климатските ризици, кои се планирани за наредната година. Народната банка планира и организирање конференција за климатските ризици, преку која ќе се работи на зголемување на свеста и ќе ги појасни супервизорските насоки и препораки за банкарскиот сектор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично