ПОВЕЌЕ

    „СБЕРБАНК“ НАЈАВУВА УШТЕ ЕДЕН КРЕДИТ ЗА НУКЛЕАРКАТА ВО ТУРЦИЈА

    Време зa читање: < 1 минутa

    Најголемиот руски заемодавач, Сбербанк, објави дека ќе обезбеди дополнителен заем од 800 милиони долари за изградба на нуклеарната централа Акују во Турција.

    Новиот заем се состои од две кредитни линии, во износ од 500 милиони и 300 милиони долари, а ќе биде одобрен од филијала на Росатом, руската државна нуклеарна компанија што ја гради централата, соопшти Сбербанк.

    Во 2019 година, банката обезбеди 400 милиони долари заеми за изградба на нуклеарна централа во Турција. Рокот на отплата на новиот кредит е седум години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично