Облак платформата на руската банка „Сбербанк“ СберКлауд и кинескиот технолошки гигант „Huawei“ објавија дека влегуваат во стратешко партнерство во „cloud” услугите.
Тоа партнерство подразбира лансирање на платформата SberCloud.Advanned, која ќе им овозможи на корисниците пристап до 37 „cloud” услуги.
„Лансирањето на платформата „SberCloud.Advanned” на рускиот пазар е насочена и фокусирана кон поддршка на „cloud” апликации засновани на архитектура за микро сервиси“, изјави извршниот директор на SberCloud, Евгениј Колбин.
„Целната публика на SberCloud е Б2Б пазарот (business to business), од големи корпорации до мали стартапи“, додаде Колбин.