Твој главен квалитет е тоа дека „знаеш со луѓе“?
Едноставно, комуникацијата и пристапот ти се силна страна?
Тогаш совршено ќе се вклопиш во тимот на Сава пензиско друштво, на позицијата: Комерцијалист во Сектор за продажба.
Краток опис на работните задачи:
- Вршење работи на маркетинг на пензиските фондови и склучување на соодветни договори;
- Контактирање со потенцијални членови и закажување на состаноци;
- Грижа за членови на пензиските фондови
- Едукативни активности
- Склучување на договори за исплата на пензија и пензиски надоместоци;
- Изработка на извештаи за извршени маркетинг и едукативни активности,
- Други активности по барање на претпоставените во делокруг на активности на маркетинг на пензиски фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје.
Потребни квалификации:
- Завршено минимум средно образование, препорачливо Високо образование Економски факултет;
- Запишан во Регистарот на агенти во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (детали подолу);
- Активно познавање на Excel, Word, Power Point
- Поседување возачка дозвола Б категорија;
- Вештини за комуницирање со луѓе
- Сериозност во извршувањето на работните задачи
- Предност имаат кандидатите со работно искуство или пракса на работни места кои вклучувале комуникација со луѓе.
Информација за потребната документација за пријавување на кандидати за испит ќе ја добијат избраните апликанти во потесен круг на кандидати.
Сава пензиско друштво а.д. Скопје нуди:
- Покривање на трошок за стекнување со лиценца агент и потребна обука,
- Интересна и динамична работа,
- Можност за личен и стручен развој со поддршка на Друштвото;
- Непрекинато стекнување нови знаења;
- Работно време 40 часа неделно, секој работен ден од понеделник до петок од 08-16 часот
- Почетна нето плата 20.000 денари + варијабилен дел поврзан со учинок
- Приватно здравствено осигурување
- Доброволно пензиско осигурување по исполнување на услови
Дополнителни информации
Заради исполнување на условот – кандидатот да е запишан во Регистарот на агенти кој го води Агенција за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Друштвото ќе ги пријави и ќе го плати испитот за избраните кандидати од овој оглас за полагање испит за стекнување со лиценца за агент за вршење на работи на маркетинг на задолжително и доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.
Услови кои треба да ги исполнуваат избраните кандидати кои ќе бидат пријавени за полагање испит:
- Државјанин на Република Северна Македонија или странец со регулиран престој во државата;
- Завршено минимум средно образование;
- Да не е вработен во: Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Република Северна Македонија, Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, Управата за јавни приходи и Агенции за привремени вработувања;
- Со правосилна одлука да не му е изречена прекршочна санкција – забрана за вршење на професија, дејност или должност се додека траат последиците од забраната;
Испитот за стекнување на својство на агент го организира и спроведува Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС.
За да аплицирате доставете ја Вашата лична биографија и писмо за интерес од кои се гледа дека ги исполнувате потребните улови и квалификации, со назнака за кое работно место аплицирате (потребните документи за полагање испит ќе ги доставите откако ќе бидете избрани во потесен круг на кандидати) на следната адреса: [email protected] најдоцна до 20.04.2022 година.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг на кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Процесот на избор на кандидати ќе заврши заклучно со 30.04.2022 година. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат кој се пријавил на конкурсот.
Друштвото ќе постапи со пристигнатите пријави во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со Сава пензиско друштво а.д. Скопје, со седиште на ул. Мајка Тереза бр.1, Скопје, на електронска адреса: [email protected]