Централната банка на Русија во јануари ќе започне пилот-проект за трансакции со дигитална рубља, изјави Олга Скоробогатова, првиот заменик-гувернер на Централната банка на Русија.
„Прототипот на платформата за дигитална рубља е подготвен. Веднаш по празниците, во јануари, ќе започнеме со пилот проектот од првата фаза со 12 банки“, рече таа.
Првата фаза ќе бидат вклучени кредитните организации и имплементираните операции C2C („Content to consumer“), пренесува Танјуг.
Втората фаза на тестирање вклучува поврзување на Федералното Министерство за финансии и спроведување на функционалноста на „паметните“ договори, како и трансакции на потрошувачите со бизнисот (C2B), бизнисот со бизнисот (B2B), бизнисот со државата (B2G).
Централната банка на Русија потоа има намера да вклучи финансиски посредници, финансиска инфраструктура (берзи, брокери, осигурителни компании и други), како и да спроведе онлајн режим и да обезбеди размена на дигитални рубљи за странска валута.
Претходно беше објавено дека, во согласност со проектот за основна дигитализација на финансискиот пазар на Русија за периодот 2022-2024 година развојот на платформата за дигитална рубља ќе биде постепен, со проширување на кругот на учесници и видови на операции, соопшти Централната банка на Русија.