ПОВЕЌЕ

    Ретка монета продадена за рекордни 18,8 милиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    Кога станува збор за ретка и вредна монета колекционерите не штедат пари. Така беше и вчера, кога меѓу колекционерите, беше продадена оваа ретка монета за 18,87 милиони долари на аукцијата на куќата Sotheby во Њујорк, што е рекорд за предмети од ваков вид.

    Еден примерок од последната серија американски златници, наречен „Double Eagle“ кована од американската кованица во 1933 година, стана најскапата монета во светот, пред сребрениот долар „Flowing Hair“ од 1794 година, продаден во 2013 година за 10 милиони долари.

    Монетата, со номинална вредност од 20 американски долари, дело на американскиот скулптор Август Сен-Гауденс, од едната страна има жена-симбол на слободата, а од друга страна орел во лет.

    Никогаш не била објавена затоа што тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт прогласил крај на конвертибилноста на американската валута во злато.

    САД никогаш повеќе не ковале златници, освен ограничени колекционерски серии.

    Сепак, неколку примероци се појавиле на пазарот на колекционери пред сите да бидат запленети од американските власти, освен единствениот „Double Eagle“ што се наоѓал во нумизматичката колекција на египетскиот крал Фарук.

    Скапоцената позлатена метална паричка била купена во 1995 година од британски колекционер, на кој по пет години правна битка, во 2002 година му било дозволено законски да го продаде на претходниот сопственик, американскиот дизајнер на чевли Стјуарт Вајзман, за 7,9 милиони долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично