Редакцијата Пари во текстот ,,Сковин оди во стечај, колку загуби направи винаријата лани?” информацијата за стечајот на оваа компанија ја презема од официјална објава од менаџерскиот тим на Сковин АД Скопје на Македонска берза, а може да се прочита на следниот линк. Станува збор за информација која се однесува исклучиво за компанијата Сковин АД Скопје како што е објавено и на берза (регистрирана на адреса 15-ти Корпус 2 Гази Баба), а не и на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ДООЕЛ која бара извинување за објавената информација ( со адреса 15-ти Корпус 3 Гази Баба).
Исто така, податоците уште еднаш нагласуваме за работата на Сковин АД Скопје се преземени од Македонска берза. Во однос на фотографијата се извинуваме за нејзиното преземање и доколку довела до забуна и веднаш ќе биде отстранета од текстот.
Во продолжение реакцијата на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА ДООЕЛ: