ПОВЕЌЕ

    Развојна банка објави јавен повик за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва

    Време зa читање: 2 минути

    Развојна банка, вчера објави јавен повик за кредитната линија за бескаматни кредити за трговски радиодифузни друштва за директно кредитирање со каматна стапка од 0% доколку бележат пад на приходите или негативен финансиски резултат во 2020 година. Вкупниот расположлив фонд за оваа кредитна линија изнесува 1 милион евра.

    Поднесувањето на кредитни барања ќе започне од 08 јули 2021 година, од 09:00 часот, и ќе се одвива електронски, на е-маил адреса дадена во јавниот повик. Поднесувањето на кредитните барања е предвидено да трае 30 дена.

    Трговските радиодифузни друштва ќе може да користат бескаматен кредит со грејс- период до 12 месеци и рок на отплата до 48 месеци, за тековни средства и ликвидност. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.20 е утврден во зависност од типот на медиуми согласно регистарот на АВМУ, и изнесува 7.380.000 денари за национални медиуми, 1.230.000 денари за регионални медиуми и 615.000 денари за локални медиуми. Максималниот износ на кредитот за субјектите со шифра на дејност 60.10 изнесува 615.000 денари.

    Потенцијалните корисници на кредит од оваа кредитна линија, треба да имаат главница и резерви не помалку од 50% од износот на бараниот кредит, како и степен на финансиска задолженост помал од четири. Прнципот за одлучување за распределба на расположливиот фонд средства ќе биде ,,прв дојден, прв услужен”.

    Со објава на јавниот повик се започнува реализацијата на мерка број шест од шестиот пакет економски мерки кој го донесе Владата на Република Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично